Папата негира дека ќе се повлече од Светата столица

Папата Франциско негираше дека планира да се повлече во блиска иднина, пренесува Ројтерс.



Тој посочи дека се во тек подготовките за неговата посета на Канада овој месец и се надева дека ќе може да ги посети Киев и Москва што е можно поскоро потоа.

Папата во ексклузивно интервју за медиумите ги демантираше и гласините дека има рак, шегувајќи се дека лекарите „не ми кажуваат ништо за тоа“.

Гласините за можна оставка на Светиот Отец се појавија поради коинциденција на настаните кон крајот на август, вклучително и средба со кардиналите ширум светот за да се разговара за новиот устав на Ватикан, церемонијата на прогласување на новите кардинали и посетата на италијанскиот град Акила. .

Акила се поврзува со папата Селестин V, кој поднесе оставка во 1294 година. Папата Бенедикт Шеснаесетти го посети градот четири години пред да поднесе оставка во 2013 година, станувајќи првиот поглавар на Римокатоличката црква што го сторил тоа во последните 600 години.

Дополнително, се појавија шпекулации дека Франциско ска да се повлеше поради проблемио с со движењето поради што во изминатиот период се појавуваше во јавност во инвалидска количка.