МКД: Демократски сојуз за отфрлање на францускиот предлог ако ЕУ нема разбирање за македонските позиции

Важно е во актуелните геостратегиски конфронтации Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, но е од круцијално значење од преговарачката рамка да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија и таа да биде согласна на европските принципи и стандарди, изјави за МКД.мк лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов по седницата на партиското претседателство.



Според Трајанов приклучување на Бугарите во Уставот може да биде само врз реципрочна основа, а без консензус на сите во Собранието нема прифаќање на францускиот предлог, нагласува Трајанов.

Лидерот на ДС нагласува дека македонскиот идентитет под никакви услови да не се оспорува и загрозува и вели дека историските и образовните прашања, како што се говорот на омраза и отворањето на досиеја за прогонувани лица од комунистичкиот режим да биде на реципрочна основа.

„Во преговарачката рамка годишните прегледи, акцискиот план и прококолите не смее да се прфати да станат решенија кои ќе ѝ овозможуваат на Софија да се меша во внатрешни работи на Македонија“, вели Трајанов и додава дека партиското претседателство смета дека не смее да се водат разговори за македонските револуционери кои се во кодот на секој Македонец , како што се Гоце Делчев, Јане Сандански, Дамјан Груев и други револуционери. Но, нагласува, и да се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонски национални празници.

„Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. А, доколку Европската Унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модификуван Француски предлог“, вели лидерот на ДС Павле Трајанов за МКД.мк.

Целиот став на Трајанов во текстот на МКД.мк