Рекордна инфлација во Грција!

Податоците за инфлацијата во Грција се многу позагрижувачки споредено со најпесимистичките: И покрај инфлацијата во еврозоната да порасне на 8,4% во јуни, таа кај јуѓниот сосед скокна на 12 отсто од 10,5 отсто во мај, пресмета Катимерини.



Јунските податоци за националниот индекс на потрошувачки цени, кој според грчката статистичка служба (ЕЛСТАТ) достигна 11,3% во мај, ќе бидат објавени следниот петок, на 7 јули, и може да биде поблиску до 13%.

Со оглед на тоа што цените на струјата и горивата остануваат на многу високи нивоа, потрошувачките цени не се очекуваат наскоро да се намалат, додека сè уште има проблеми со недостиг на примарни и секундарни суровини, што пак доведува до дополнително зголемување на цените.

Нивото на усогласениот индекс на потрошувачките цени од 12% е највисоко откако почна да се бележи во Грција во 1996 година, а претходниот рекорд беше забележан во мај 2022 година. Последен пат националниот индекс на потрошувачки цени достигна такви нивоа во 1993 година.