Во текст со наслов ,,НЕПРЕСМЕТЛИВИ” еколошкиот активист и политички аналитичар Крум Велков ја анализира моралната, психолошката позадина на однесувањето на власта.
Како повод ја користи изјавата на Пендаровски дека мала земја со 500 плата не може да добие повеќе во дипломатијата.
,,Ова е веќе втор дел од сценариото за геноцидно велепредавство, се вика “глумење непопустливост”. Шарлатанов, од позиција “Совет за безбедност” ѓоа искажува личен став со недоветно објаснување: многу малечки сме биле. Завчера лажеше дека новиот предлог бил “далеку подобар”. Оди далеку закопај се.
Го слушнаа гласот на Македонскиот народ кој масовно им рече НЕ!, а тие и понатаму тераат против него и му го загрозуваат опстанокот. Нив на оваа линија ги држи само останувањето на власт по секоја цена и стравот од казна. Затоа што се делегитимирани. Затоа и делуваат непресметливо, како во оваа брлива изјава.
Тие се делегитимирани и во слободен пад и затоа може да бидат опасни. Башка што го дестабилизираат целиот регион. Ова е невиден психотерор со цел да не изморат. Опозицијата веднаш треба да возврати со тврд ултиматум: Или конечно откажете се од предавството, или ќе ја блокираме целата држава. Изгледа нема друго во моментов”, порачува Велков.






