Претседателот Пендаровски покажувајќи многу голема нервоза ги прифати шовинистичките барања на Бугарија содржани во Францускиот предлог.
По состанокот на Советот за безбедност Пендаровски прифаќањето на бугарските барања ги нарекува транзиционен компромис кој според него не бил штетен за Македонските национални интереси а со тоа ќе почнела првата фаза од долгите преговори со ЕУ кои ќе траат повеќе од деценија.
Пендаровски признава дека прифаќањето на бугарските барања решава актуелна блокада но отвара друга внатрешна блокада поради уставните околности но сепак го поддржува францускиот предлог за кој призна дека траел до месеци а во кој самиот бил инволвиран во процесот на договарање.
Видеото од обраќањето на Пендаровски на овој линк
https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/604645824238550/






