Во дебата на Бугарската национална телевизија лидерот на Демократска Бугарија Христо Иванов кој има имиџ на умерен политичар тврди дека во предлогот што Макрон го нарече нов а македонските власти модифициран, нема никакви промени.
Иванов кој по мајка има потекло од Македонија а важи за коавтор на таканаречениот француски предлог смета дека Ковачевски, Османи, Маричиќ, Пендаровски и другите политичари во Македонија лажат дека се работи за нов подобар предлог само за да го убедат народот тој да биде прифатен.
Во дебатата учествува и новиот бугарски манадатар Асен Василев и партнер на Петков кој не го негира тоа што го кажува коалициониот партнер.

Според ,,умерениот” бугарски политичар во наредните најмалку десетина години на преговори, Бугарија со предлогот ќе може постојано да притиска за да и се прифатат барањата од страна на Македонија.
Иванов смета дека Бугарија ќе мора да инвестира во македонската култура и образование.
Делот од дебатата на оваа тема од 54 минута






