Авторот на децениската колумна ,,Сакам да кажам” и уредник на истоимениот портал, Горан Михајловски, искажува огорченост од прифаќањето на бугарските примитивни барања кон Македонија од страна на Брисел.
За него Македонија живеела во илузија дека може во ЕУ која сега завршува.
,,Илузијата за Европа заврши кога таман се добравме до вратата, ни ја треснаа пред нос и ни рекоа „Извинете, ама Македонци не примаме во семејството“.
Триесет години учевме за ЕУ. И што научивме? Дека никаков напредок не е важен, освен еден – да не бидеш Македонец. Односно, во случајов, да бидеш Бугарин.
Европската унија ги легитимизираше примитивните барања на една земја-членка. Бугарија ќе го води процесот, не ЕУ. А унилатералниот бугарски став влегува во документацијата на ЕУ. Па не мора ние да сме позагрижени за кредибилитетот на ЕУ повеќе од самата ЕУ”, пишува Михајловски во јавна дебата со високиот владин функционер Марјан Забрчанец.
Дебатата меѓу Забрчанец и Михајловски се одвива на овој линк
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10162054164986754&id=529421753






