Триумфот на Шпанија над домаќинот Алжир од 31:19 ја промовира машката ракометна репрезентација на Македонија во полуфиналист на 19. Медитерански игри во Оран, а противник в понеделник од 12 часот ќе ѝ биде Египет.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го завршија настапот во групата Б со 7 бода, колку што освои и Алжир, но во разигрувањето за медалите одат „црвено-жолтите“ поради подобрата гол-разлика од +18 наспроти +3 на Алжирците, против кои ремизираа 24:24.
Во другиот полуфинален дуел ќе се сретнат Шпанија и Србија.






