Протоколот усогласен помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, да не се потпишува, бидејќи е контроверзен и и овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, посебно во идентитетските, историските и образовните прашања.
Ова попладнево го објави Демократскиот сојуз на Павле Трајанов кој вчера беше дел од пресот на владината коалиција и стоеше за премиерот Ковачевски додека тој тврдеше дека францускиот предлог е добар.
,,Протоколот треба што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат. Воедно укажуваме дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акционен план, годишни прегледи и протокол, треба да мине низ широка расправа, за да се слушне гласот на народот. Во текот на оваа расправа, министрите да се воздржат од закани со кривичен прогон на тие што имаат поинакви ставови, потоа со меѓуетнички тензии и слично”, се вели во ставот на ДС од каде бараат во владата договорената стратегија за широки консултации да се одвива во демократска атмосфера, одговорно и транспарентно.
ДС не најави дали ќе ја напушти владата ако СДСМ и ДУИ го потпишат протоколот со Бугарија кој ако не биде потпишан ќе падне целиот француски предлог.





