Твитер профилот на Министерството за надворешни работи е суспендиран од социјалната мрежа.
Ако го кликнете линкот кој се наоѓа на страницата на владата на Македонија а кој треба да води до твитер профилот на МНР ќе ве дочека суспендиран профил.
На објавата пишува дека профилот на МНР е суспендиран поради прекршување на правилата на мрежата кои може да се од различен тип, од лоша безбедност на податоци до ширење сексуални, навредливи пораки или говор на омраза.

Твитер профилите се најчестите алатки преку кои министерствата за надворешни работи во светот и ЕУ комуницираат со јавноста.
Само кај нас оваа алатка не работи.






