Адвокатот Јанаки Митровски со индиректно образложение зошто вечерва треба да се оди на протестот пред владата без разлика дали некој е член на партија или не е.
,,Мојот дедо Нако, на татко ми татко, беше партизан. Земаше и десет проценти боречки додаток. Вујко ми, на мајка ми брат беше бранител во 2001 во едно од најопасните подрачја Матејче.
Вечер ќе одам на протест за себе и за нив, не за да ги гледам Мицковски и Апасиев”, пишува Митровски пред протестот против Бугаризација на Македонија преку прифаќање на бугарските барања од францускиот предлог.






