Велевски: „Да им кажеме гласно НЕ на оние што сакаат да не снема како Македонци и да си ја заборавиме историјата!“

„Ако треба да им се каже НЕ на оние што сакаат да нѐ нема нас Македонците, да ни го снема јазикот, да си ја заборавиме историјата, тогаш нашето НЕ треба да одекне јасно и гласно.“ – вели Марјан Велевски во својот коментар со наслов „Кубурот не е за в пазува“, кој го објави весникот „Нова Македонија“.



Покрај другото, Велевски пишува: „Сега е пред нас е уште еден предлог, за кој треба добро да се размисли и да се стави во погон сиот мислечки и творечки капацитет на државава, вклучувајќи го и секој граѓанин поединечно. Моментот е историски, како повеќепати досега во нашата национална историја. Не бегаме од моментот, ниту од предлогот, ниту од дијалогот.“

„Но, ако треба да им се каже НЕ на оние што сакаат да нѐ нема нас Македонците, да ни го нема јазикот, да си ја заборавиме историјата, тогаш треба нашето НЕ да одекне јасно и гласно. Сите би сакале да слушнеме цврсти, строги и одлучни зборови од нашите политичари.