,,Соросоид” од Брисел ,,моли Бога” СДСМ да го одбие путинистичкиот францускиот предлог

Шефот на одделот за проширување на бриселската канцеларија на соросовата фондација Отворено општество се надева дека валдата на СДСМ и ДУИ ќе ги одбијат францускиот предлог и бугарските барања.



Срѓан Цвииќ смета дека на Македонија и се наметнуваат путинистички критериуми за преговори кои ако бидат прифатени од властите во Скопје ќе предизвикаат хаос во процесот на проширувањето на ЕУ.

Цвииќ реагира на веста дека Франција има нов предлог во кој пак се вметнати сите бугарски барања.

,,Тоа е тоа тогаш…сите ќе и се заблагодариме на Македонците 🇲🇰 ако одбијат да вметнат антиевропски, путинистички 🇧🇬 критериуми во преговарачката рамка”, пишува членот на соросовата фондација.

Цвииќ дава примери за последиците по процесот на проширување што ќе се случат на Балканот и пошироко:

,,Србија 🇷🇸 бара Косово 🇽🇰 & Албанија 🇦🇱 да признаат дека Скендербег е Србин
Хрватска 🇭🇷 бара Србија 🇷🇸 да го прогласи 5 август Денот на благодарноста на хрватската 🇭🇷 армијата
Орбан бара од Украина 🇺🇦…”.