Пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи јавно го опцу претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Пцуењето на шефот на државата се случи откако беше објавен „модифицираниот“ француски предлог за преговорите за членство во ЕУ.
„Пендаровски, пи*ка ти матер“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.
Претседателот Пендаровски на Самитот на НАТО изјави дека го видел, како што вели, „модифицираниот“ француски предлог и смета дека тој е „далеку подобар за нас во споредба со претходниот“.
Левица како дел од опозицијата заедно со ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе учествува на протестите пред Владата закажан за 19.00 часот.






