Шефицата на ЕК имала добар разговор со Ковачевски, Комисијата подготвена за преговори со Македонија

Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен објавува дека денеска имала телефонски разговор со премиерот Ковачевски.



,,Добредојдени вести дека Македонија и Бугарија, со поддршка од Франција, се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите.

Комисијата е подготвена да го започне процесот на скрининг за Македонија и Албанија, следниот чекор на нивниот европски пат”, пишува првата дама на Европската комисија.