Ќе го прекрши ли Судскиот совет законот со спас на судиите што власта сака да продолжат да работат?

Одговорот на прашањето во овој текст е јасен. Законот не остава можност судиите и обвинителите да продолжат со работа кога исполниле услови за пензија освен ако за тоа не одлучи парламентот.



Со оглед на тоа што опозицијата го блокираше законот со кој власта сакаше да го продолжи векот на судиите и обвинителите зрели за пензија сега Судскиот совет расправа за истата тема.

Членоте на судскиот совет знаат дека согласно член 57 став 2 од Законот за судски совет, кога судијата исполнува услуги за пензија, советот престанокот на судиската функција ја констатира на првата наредна седница.

Според законот Со њрор не смее да расправа или да влегува во дебата туку само да констатира прекин на судиска функција.

Денес има седница на Републичкиот судски совет и вообичаено ова тело мора да констатира пензионирање на судиите кои ги исполнат услугите за тоа.

Но голем дел од членовите на РСС се блиски или поставени таму од владечките структури на СДСМ и ДУИ.

Доколку судскиот совет е под политички притисок од СДСМ и ДУИ и не постапи денес согласно досегашната пракса Членоте на советот ќе го прекршат Законот за судскиот совет член 57 и ќе внесат правна несигурност за сите граѓани, за судот но пред се за странките и за предметите кои ги водат овие судии кои практично би суделе незаконски.

Со тоа се отвара можност странките во иднина да тужат и да добијат огромни средства затоа што нивните процеси ги воделе незаконски судии.