Дали вака изгледа премиер што добил добар предлог за неговиот народ (ВИДЕО)

Без ниедна насмевка или друга позитивна максилофацијална експресија на лицето на премиерот Ковачевски на прес конференцијата по повод модифицираниот француски предлог.



Луѓе што долго време ја следат македонската политика не се сеќаваат на добра вест која ја презентирал некој државен претставник на која истиот не се насмеал или покажал среќни емоции.

Кај Ковачевски кој со самото тоа што францускиот предлог го става на консултации тој го смета за добар предлог, вчера не се гледаше ни среќа ни задоволство.

Не треба да се биде експерт за психологија за на видеото да се забележи само делумно прикриени чемер, јад, страв и несреќа.

Сами проценете преку говорот на неговото тело и максилофацијалните експресии, што мисли Ковачевски за модифицираниот предлог на Макрон.

Очигледно премиерот не може ни да изглуми дека на консултации става добар предлог.