Амбасадорката на Руската Федерација во Софија, Елеонора Митрофанова, најави можност за прекин на дипломатските односи со Бугарија како одговор на протерувањето 70 свои дипломати од земјата, оценувајќи ги дејствата на бугарската влада како без преседан.
„Мислам дека одговорот ќе биде многу тежок. Сега сум во контакт со Москва. И Москва ќе преземе многу драстични мерки. Ова не може да остане без последици. Може дури да бидат прекинати и дипломатските односи! Москва ќе донесе одлука“, изјави таа во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ).
Митрофанова вчера беше примена во Министерството за надворешни работи, каде што со усна нота инсистираше за повлекување на одлуката за протерување на дипломатите до денеска напладне.






