Ковачевски за 48 часа треба да каже ,,ДА” за модифицираниот ,,Француски предлог”

Македонските власти добиле 48 часа за консултации и одговор за најновата понуда која според францускиот претседател Макрон е решение на спорот меѓу Македонија и Бугарија.



Бугарски извори упатени во процесот тврдат дека Ковачевски и Пендаровски до сабота вечер ќе треба да кажат официјално ДА на Макрон по што за одлуката ќе бидат формално информирани и властите во Софија.

Теоретски ако има компликации во Скопје одлуката би можела да се одоговлечи но пораките кои биле упатени до властите во Македонија е да се искористи моментот и да се почнат преговорите. Како потоа Македонија ќе се справува со барањата на Бугарија која може да става стотици вета, изворите во Софија не можат да кажат точно.

Желбата на Париз е ако Скопје каже да до сабота по консултациите што би се случиле во недела, ако се оди по планот на Макрон, Радев и Петков, во понеделник во Брисел под покровителство на Чешкото претседателство со ЕУ би почнале процедурите за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.

Бугарските извори не се сигурни дека модификациите што ги направил Макрон се доволни за прифаќање на предлогот од Скопје затоа што тие од една страна се повеќе козметички од суштински а од друга страна атмосферата во Македонија е вжештена и нема расположение за прифаќање на бугарските позиции од кои најголем дел се вметнати и во новиот документ на Париз.

Во Софија се лути на албанскиот премиер Еди Рама кој денеска реагирал со порака Македонците и Албанците да го прифатат предлогот и со тоа дал до знаење дека Албанија ќе се налути ако истиот биде одбиен и индиректно навестил можни тензии.

,,Ако овде во Софија се молчи за да не се прави дополнителен притисок врз владата во Скопје можеше и Рама да се воздржи и да не го вознемирува страстите додека се носи одлуката”, велат од Софија од каде се уверени во стабилноста на своите позиции кои не се загрозени со новиот француски модифициран предлог.