Пратеник од ДУИ провоцира: „ВМРО ДПМНЕ не може да прифати командант на УЧК да раководи со Собранието“!

„Реплицирајќи им на колегите од ВМРО ДПМНЕ за време на парламентарната седница, посветена на барањето за отповикување на Талат Џафери од позицијата претседател на Собранието, пратеникот од ДУИ Берат Ајдари изнесе свое тврдење дека, наводно, ‘македонската опозиција не може да се соочи со фактот дека со законодавната институција раководи еден командант на УЧК’! – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Берат Ајдари ја нарекува поднесената интерпелација „манипулирање со јавноста“: „Неколку пати беше споменато тоа кој стои зад интерпелацијата поднесена против претседателот на Собранието Талат Џафери. ,,Дали можеби зад таа интерпелација стојат и Москва, или Унгарија? Интерпелацијата, како и вашите искажувања, кои содржат невистини, се груб обид да се манипулира со јавноста“, вели Ајдари

Овој пратеник од ДУИ на парламентарната седница им се обрати на пратениците, но и на ВМРО ДПМНЕ како партија, со провокации дека целта им е, наводно, дестабилизација на Македонија! Во овој контекст Ајдари рече: „Заради дневно-политички цели, водени од вашето партиско седиште, за кое и вие самите не знаете кај му е центарот, во Скопје, Унгарија, или Русија, во координација со триаголникот Скопје-Будимпешта-Москва, настојувате да ја дестабилизирате земјата и да создадете меѓуетнички напнатости. И покрај добрата волја на граѓаните, вие сте најголемите предизвикувачи на раздор, на етнички поделби.“

„Вам ви стана трн во окото Талат Џафери, најуспешниот претседател, кој што кога било го имало Собранието на с.Македонија.Не можете да се соочите со претседател на Собранието, кој е Албанец, кој е командант на УЧК. Вам ви пречи и албанскиот јазик, со кој зборува претседателот Џафери. Да имавте можност, вие, колеги од ВМРО ДПМНЕ, заедно со ‘Левица’, би го повториле и денес 27 април од 2017 година.“ – кажа пратеникот од ДУИ Берат Ајдари денес во Собранието на Македонија во расправата за поднесеното барање за отповикување на Талат Џафери.