Владика на МПЦ-ОА нуди проза во време на летечки филџани, румени луѓе што знаат повеќе од нас за Македонците

Владиката Европски Пимен нуди проза во тешките времиња со кои се соочува Македонија.



Членот на светиот синод на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија кани преку литература да се отиде во времиња кога можело убаво да се живее.

,,Чудни некои времиња на летечки филџани, на тврдења дека еден румен човек знае повеќе од нашите дедовци што сме и кои сме, на врзување на говор на омраза со спомнување на боја на пари, на павампирен Ковид и мајмунски сипаници и мајмунски француски подметнувања, зелени завојувани лидери…
Тешко дури и за набројување, а камоли за живеење.

Затоа, преку четивово и песната на линкот подолу, ве канам, драги мои, на прошетка во едно друго чедно време низ мојата Преспа, да одмориме глава и да се потсетиме дека можело и може и нормано и убаво да се живее” пишува епископот Пимен чија проза можете да ја прочитате на овој линк.

https://suteren.mk/отец-пимен-цвета-мома-убава/