Рускиот претседател коментирајќи ги саракстичните шеги на негова сметка на неодамнешниот самит на Г7 во Германија рече дека би бил „одвратен призор“ доколку седумте челници би ја соблекле облеката.



Пред почетокот на самитот на Г7 во германски Шлос Елмау во неделата, челниците на земјите од групата Г7 додека позираа за групната фотографија се шегуваа на честите фотографии на Путин без маица кога зема кратки одмори во дивината, на кои сѐ уште се гледа мускулесто тело и покрај неговата возраст.

„Не знам како планирале да се слечат, над или под појасот.“, изјави Путин за новинарите во средата ноќта во текот на посетата на Туркменистан и додал дека мисли дека „тоа во секој случај би бил одвратени призор“.

Путин потоа ги советуваше челниците на Г7 дека физичката активност и помалку алкохол се потребни за складност меѓу телото и душата, пренесува агенцијата ТАСС.