Насуфи: „Албанско Скопје и ДУИ се едни од главните виновници за неинтегрирањето на с.Македонија во ЕУ“

„Со децении с.Македонија се отфрла и се попречува во евроинтеграцискиот процес. Албанско Скопје и особено сегашната Влада во Тирана се главните виновници за овој политичко – дипломатски холокауст. Владата во Тирана скока во арената како тореадор и се бори за с.Македонија, но против самата себе и против албанското единство, без оглед што Албанија е необјаснива колатерална, странична штета во овој контекст.“ – вели Џевдет Насуфи, политички аналитичар и поранешен виудепремиер и министер за локална самоуправа, во својата колумна со наслов „ДУИ е одговорна поради неинтегрирањето во ЕУ“, која ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.

Насуфи пишува: „ДУИ ги има преземено министерствата поврзани со евроинтегративниот процес на с.Македонија. Ова ја прави уште поодговорна како партија. Првин пред Албанците и државата. Второ, одговорна и пред Албанија, која Македонија ја прикачи како приколка зад себеси. ДУИ, оваа албанска политичка партија со најдолг мандат на власт, денес е големо разочарување за Албанците.“

„Неизвесноста и последиците од неинтеграцијата за сите овие дваесет години повеќе и се припишуваат на ДУИ отколку на другите.Овој оддолжен процес е удар за Албанците на две чувствителни рамништа: албанскиот ентузијазам за интеграција денес се претвори во апатија, поради политиката на ДУИ. И на крајот не треба да се заборави пријатната историска вистина за албанско-бугарските односи.“

„Затоа секој албански адвокат против Бугарија, заради интересите на другите, што го прават Рама и некои други Албанци,е голем апсурд во јасноста на албанско – бугарските односи.“