„Француското претседателство завршува – нема информации за нов предлог за тргање на ветото“

„Француското претседателство со ЕУ завршува денеска и нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство. Во Софија владее молк, откако минатата недела Парламентот го прифати францускиот предлог и и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков.“ – објави весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска статија.

„Француските дипломати во седиштето на ЕУ не се запознати со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија. Процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија. Премиерот Димитар Ковачевски повтори дека не се прифатливи идеите, кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и оти не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ.

„Неможно е решавање на спорот со Софија до истекот на француското претседателство, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ‘Нема напредок, оти барањата се неприфатливи и толку максималистички, што се надвор од логиката и надвор од сите европски вредности.’ – рече Мицкоски. Тој порача оти нивниот став како политичка партија е прецизен: дека нема преговори за јазикот и оти никакви фусноти не се прифатливи.“

„Директорката на Институтот за европски политики Симонида Кацарска смета дека на последниот ден од француското претседателство е рамно на чудо да се очекува некаков договор за разликите меѓу Македонија и Бугарија околу предлогот на Франција за тргање на ветото. Франција денеска го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање, во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западниот Балкан.“