Двесте работници на улица: Маск реши да ги намалува трошоците

Тесла затвора канцеларија во Сан Матео, Калифорнија и укинува околу 200 работни места таму, како дел од пошироките напори за намалување на трошоците, беше потврдено за CNBC.



Во објектот во Сан Матео стотина вработени биле задолжени за снимање видеа од автомобилите на „Тесла“ со цел да се подобри т.н. Систем за автопилот, односно систем за помош на возачот додека вози.

Двајца отпуштени работници, кои сакале да останат анонимни, изјавија за CNBC дека знаат дека закупот на деловен простор на „Тесла“ завршува.

Американските медиуми кои дојдоа до аудио снимката од вчерашната средба на која вработените биле информирани за отпуштањата, пренесуваат дека менаџерот рекол дека компанијата дала се од себе целиот тим на Автопилот од Сан Матео да се пресели на нова локација во Пало Алто.

„За жал, не можевме. Тоа значи дека одиме на реструктуирање и дека вашите позиции се погодени“, им рече таа.

На состанокот на вработените им било кажано дека во наредните 60 дена ќе им бидат исплатени целосните плати, а 28 јуни им бил последен работен ден. Од нив било побарано веднаш да остават лаптопи и беџови на нивните бироа, а им било кажано дека ќе бидат известени преку е-пошта за отпремнините и бенефициите.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, изјави во интервју минатата недела дека новите фабрики на Tesla во Тексас и Германија губат „милијарди долари“ делумно поради прекините во синџирот на снабдување што ја спречуваат компанијата да го зголеми производството во двете фабрики.

„Двете фабрики, и во Берлин и во Остин, моментално се огромни крематориуми со пари“, рече Маск.

ФОТО: EPA/CHRISTIAN MARQUARDT