Зошто евроамбасадорот Гир не го осуди насилството на Адеми од ДУИ?

Евроамбасадорот Гир не го осуди насилството во Парламентот а ги поддржа реформите на ДУИ и СДСМ, пишува порталот Антропол во текст кој забележува дека по скандалозното однесување на пратеникот од ДУИ Арбер Адеми во собранието на Македонија за време на Комисијата за европски прашања, не е забележена осуда од страна на ЕУ и нејзините претставници во Македонија.



,,Имено, Евроамбасадорот Дејвид Гир кој деновиве е присутен во Македонија во ниту една негова изјава не го осуди ваквото недолично однесување и девалвирање на законодавниот дом на Р.Македонија. Напротив, во текот на вчерашниот ден, Гир на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ имаше своја изјава во која даде поддршка на реформите на ДУИ и СДСМ со кој се предвидува зголемување на работниот однос на 60 судии на возраст од 62 и 64 години.

Пензионирањето на голем број судии останува предизвик. Затоа, предлог измената е важна за да се надополни недостатокот на персонал во судството и обвинителството. Чекаме да се комплетира и бројот на судии во Уставниот суд без кои тој не би можел да функционира” рече Гир”, пишува Антропол.

Порталот пренесува дека против ваквата законска измена реагираше политичката партија Левица, пратеникот Димитар Апасиев, кој во својот говор во Собранието истакна дека всушност ваквиот закон се шверцува со европско знаменце за 60 судии слуги на власта да продолжат да судат уште три години.

Но, смислата на овој закон е во предниот период, односно дека нема кадри од Академија за судии, па ќе падне бројот на судии под потребниот, што е ноторна лага. Ние имаме ПРЕВРАБОТЕНОСТ на судии, имаме 500 судии, а според ЕУ треба да имаме 400 судии. И основниот аргумент е дека 60 слуги на власта, кои се стари судии, треба да продолжат да судат уште 3 години, само за да го штитат криминалот на СДС.” рече пратеникот Апасиев, пренесува Антропол.