Кацарска: Договор меѓу Скопје и Софија за францускиот предлог е рамен на чудо

„На еден ден до крајот на француското претседателство, рамно на чудо е очекувањето на некаков евентуален договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава, но тоа е одговорност на политичкото раководство.’ – изјави директорката на Институтот за европски политики Симонида Кацарска.“ – објави Алсат.

„Многу е тешко дека за еден ден ќе може да се направи клучен пробив во однос на ‘пеглање’ на разликите, поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите ‘црвени линии“. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Чешкото претседателство ќе го преземе ова, ако не видиме некое чудо до утре, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство.“ – нагласи Кацарска.“