Воз прегази мигранти кај Гевгелија

Денеска (29.06.2022) во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата.



Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата.

Увид  извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.