Општинските советници на главното туристичко јадро и срцето на главниот град на Чешка, воведоа забрана за пиење на алкохолни пијалаци, Тоа се однесува на целата територија на централната општината и на сите плоштади и улици, а тие одредија казна од околу 400 евра за чаша пијалок или отворено шише во раце.



„Туристите во Прага се повеќе доаѓаат да се забавуваат и да пијат алкохол, и не водат сметка за улиците, плоштадите и парковите. Сето ова е на штета на граѓаните на Прага“, изјави советникот Иван Солил.

Исклучок од забраната се разни општествени и културни манифестации во градот, така што забраната не важи за два дена околу Нова Година, на 31 декември и 1 јануари.