Каракамишева за ,,Случајот Филџан”: За вандали граѓаните мора да имаат “отповикувачко оружје”

Професорката Тања Каракамишева Јовановска предлага начин како во иднина да се спречат насилнички испади од страна на пратениците во Собранието.



Решението според неа е граѓаните да можат да ги отповикуваат пратениците што ќе го прекршат законот или кодексот на однесување.

,,Дали после вчерашното вандалско однесување на Адеми се уште има некој против отповикување на пратениците како најсоодветна мерка? Кога вандализмот во Собранието станува секојдневие граѓаните МОРА да го имаат “отповикувачкото оружје” во свои раце! Граѓаните избираат/отповикуваат!”, смета професорката.