Член на обезбедувањето на премиерот му се заканил на новинарот на ТВ Алфа Матеја Петровски дека може да биде приведен затоа што му поставил прашање на Ковачевски.
Заканата била упатена откако Петровски заедно со повеќе други колеги новинари и сниматели го пречекале Ковачевски и инсистирале на одговори од него.
Притоа новинарите не направиле никаков престап или физички контакт со Ковачевски.
Владата вчера молчеше за инцидентот и се уште нема никакво извинување за новинарите. Засега не е познат ниту заканувачот член на обезбедувањето на Ковачевски.
Утрово молчат и здруженија на новинари која не ја осудија заканата врз новинарот Петровски.
,,Утро со премиерот, плус подоцна во разговор порака од обезбедувањето на премиерот, дека за ваков потег сум можел да бидам приведен”, напиша Петровски на Фејсбук по инцидентот.
Поради прашањата во ова видео, обезбедувањето на Ќурка @DKovachevski му се заканило на новинарот од АЛФА Матеја Петровски.
Цитирам:
– "Утро со премиерот, плус подоцна во разговор порака од обезбедувањето на премиерот, дека за ваков потег сум можел да бидам приведен"!
ЛУ-ДА-ЦИ! pic.twitter.com/nhmahbdamT— Фортификација (@Fortiifikacija) June 28, 2022
Линк до видеото на ФБ на Петровски
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10225716478571784&id=1624993808





