Отсечена човечка глава е пронајдена вчера пред зградата на судот во западниот германски град Бон, дознава Ројтерс.
За „случајот“ јавиле случајни минувачи во раните вечерни часови и ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот.
Торзо за кое се претпоставува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, оддалечено околу еден километар.
Во близина е приведен еден осомничен, полицијата соопшти дека станува збор за 38-годишен маж кој им е познат во врска со наркотици.
„Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници“, соопшти полицијата.







