„Бројките во дневната статистика за ковид-19 ќе почнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што болниците, сепак, ќе ни останат полупразни“, напиша Беќаровски на Фејсбук.



Министерството за здравство вчера информираше за 168 случаи на ковид-19 од 1.101 тест и 90 оздравени пациенти.

По пауза од два месеци, Комисијата за заразни болести денеска на седница повторно ќе ја разгледува епидемиолошката ситуација во Македонија, откако бројката на заразени со Ковид-19 повторно почна да расте.

Во земјата во последните 24 часа направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на Ковид-19, а починати нема. Од вкупниот број на позитивни- 28 се реинфекции, а активни се 648 случаи. 

Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледа актуелната состојба со Ковид-19. Министерот за здравство, Беким Сали, најави дека состанокот се свикува со цел да се направи анализа на севкупната состојба поради порастот на заболени од коронавирус.

Во Европа веќе почна да се зголемува бројот на новозаразени од Ковид-19 и кај нас забележуваме благ пораст на нови случаи. Можеби сè уште не е време и не е алармантно, но за утре е закажана првата седница на Комисијата за заразни болести по пауза од два месеца, што укажува дека нешто веќе се случува и кај нас“, вели министерот за здравство. 

Тој ги повика граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките за заштита од ковид и да одржуваат лична хигиена. Не се исклучува можноста како препорака повторно да се воведе носењето маска во затворени простории.