На Павле Трајанов алкохолот во Собранието му е виновен за лошата атмосфера

Мислам дека во целина имаме ниска култура на однесување. Сведоци сме на меѓусебни навреди девалвирања меѓу опозицијата и позицијата. Се користат сите инструменти за дискриминацијата од едните кон други. Недостасува нивото на комуникацијата и тоа по некоја линија создава меѓусебна недоверба која неретко резултира со вербални навреди, недолични коментари па дури по некогаш и физички пресметки. Достапноста на алкохолот во Собранието е причина плус за ваквата атмосфера, изјави пратеникот и лидер на ДС, Павле Трајанов.



Коментирајќи ги вчерашните настани тој рече дека во собрание кружи многу алкохол кој придонесува за целокупната атмосфера.

Лидерот на Демократскиот Сојуз Трајанов додава дека ниту Уставот ниту законите во земјава имаат можност да ги санкционираат ваквите испади на пратениците. Тоа според него промовира неказнивост и лоша слика кај граѓаните.

Пратениците се со траен мандат ниту уставна ниту законска можност имате да го разрешите. Од таму нема сила во државата што може да ги казни. Одговорноста за жал е во партијата. Единствена сила што може да го повлече пратеникот е добрата волја на лидерот на партијата што е за неверување а таквиот систем ја прави државата партизирана и не функционална – објаснува Трајанов за Слободен печат.