Османи во Софија на тајни преговори, Бугарија не ги повлекува шовинистичките ставови

Преговори во полн ек – Османи и Генчовска вчера во Софија во нов обид за решение прифатливо за двете страни, брифираат дипломатски извори за ТВ 24.



Тие велат дека експертски тим од 3 претставници од МНР предводен од министерот Османи вчера бил во еднодневна посета на Софија, а во бугарското МНР заедно со шефицата на бугарската дипломатија во заминување Генчовска и нејзиниот тим се разговарало за нова поприфатлива верзија на францускиот предлог. Според нашите извори преговорите се во сензитивна фаза, а Софија засега не попушта за бугарските црвени линии, кои македонската страна ги дефинираше како неприфатливи.

За македонската страна предлогот од Париз во оваа форма е официјално неприфатлив , а дека нема ништо ново на повидок денеска потврди и премиерот.

– Во моментов нема ништо ново во однос на тоа што беше разговарано до денот кога беше прес-конференцијата. Како што ви кажував и досега, процесот со Бугарија се води од страна на Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи со своите експертски тимови разговараат со МНР во Бугарија. Во моментот кога ќе има прифатлив предлог од двете страни, тогаш тој предлог ќе може да биде ставен во институциите во Македонија. Во овој момент таков предлог нема. – изјави Димитар Ковачевски премиер на РСМ.

Спорот со Македонија денеска беше тема во Софија и на консултативните средби на бугарскиот претседсател Радев со политичките партии за доделување на нов премиерски мандат.

– Францускиот предлог е оформување на преговарачката рамка, каде влезе барањето за Уставот, што е исклучително важно, и тоа е праведното решение„Францускиот предлог“ ги гарантира човековите права. Но, нашето културно и историско наследство, историја, учебници, искоренувањето на говорот на омраза, однесувањето на јавните медиуми, се предмет на механизам за контрола на овој Протокол (Билатерален). – изјави Румен Радев претседател на Бугарија.

А поради билатералниот протокол вчера Димитров и Османи влегоа во жестока полемика. Шефот на дипломатијата Османи објави документ со кој тврди дека екс министерот за надворешни работи Димитров потпишал Протокол дека македонската страна ја прифаќа бугарската верзија за Илинденското востание и ќе го именува како Илинденско –

Преображенско востание, а документот според Османи исчезнал од архивата на МНР. На ова експресно одговори Димитров и му порача на Османи да не се служи со лаги, дека објавил бугарска верзија на протоколот и манипулира, објави 24 Вести.

Извор

Според последните информации од Софија Макеоднија има уште најмногу 24 часа за исчекор пред завршување на француското претседателство со ЕУ задутре на 30 јуни.