Заменичката на насилникот од вчера се жали дека и ја гледале преписката со Адеми (ВИДЕО)

Заменичката на претседателот на Комисијата за надворешна политика Арбер Адеми кој вчера стори насилство во собранието, денеска се соочи со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не издвојуваат да ја води седницата затоа што не го почитува деловникот.



Арта Зендели Билјали во текот на тензиите во комисијата се пожали дека пратеничката Дафина Стојановска и го видела телефонот на кој според опозициските пратеници во текот на комисијата постојано стигале пораки од Арбер Адеми.

Во видеото на Макфакс може да се видат деталните причини за блокадата на комисијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

Власта се обидува со закон со европско знаменце да протурка продолжување на мандат на судии кои треба да одат во пензија а опозицијата тврди дека власта сака да обезбеди продолжена судска заштита преку корумпирани или блиски на СДСМ и ДУИ судии.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=761365144998795&id=281596268582644