„Вчерашното однесување на пратеникот од ДУИ Арбер Адеми беше разочарувачко за кревката демократија. Единствениот излез е лидерот на ДУИ Али Ахмети да го дисциплинира младиот пратеник со воинствени амбиции. Единствен излез е пратеникот да упати јавно извинување, поради своите насилнички постапки во Парламентот, и сите партии да се вратат во Комисијата за европски прашања.“ – вели Селим Ибраими,. доктор по политички науки и основач на Институтот за безбедносни студии и развој од Скопје, во својата колумна со наслов „Али Ахмети да го дисциплинира младиот пратеник со воинствени амбиции“
Ибраими во својата колумна дополнува: „Ако имала Русија влијание вчера врз овој инцидент, тогаш разузнавачките органи на с.Македонија треба да започнат истрага час поскоро. Срамни се објаснувањата без докази на функционерите на ДУИ во врска со овој случај, бидејќи сенешто се поврзува со Русија. Најнакрај, кој ја познава Русија подобро од нашите политичари?!“





