НСДП: Францускиот предлог е неприфатлив

Извршниот одбор на НСДП зазеде став дека е неприфатлив францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија. За партијата е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското собрание. Партијата не прифаќа во рамката да бидат историските прашања и бара гаранции од Бугарија дека нема да испорача нови барања.



Според НСДП, спорот со Бугарија може да се реши ако се почитуваат „Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија потпишан на 1 август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции донесена на 29 јули 2021 година од Собранието на Република Северна Македонија“.

Партијата оцени дека Македонија неправедно чека почеток на преговорите со Европската Унија и покрај одлуката на Европскиот совет во март 2020 година за безусловен старт на преговорите со нашата држава.

„НСДП ги почитува напорите на француското претседателство за изнаоѓање решение за решавање на спорот, но францускиот предлог за решавање на спорот за НСДП е неприфатлив“, се вели во заклучокот на Извршниот одбор на партијата.

За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското Собрание.