Ќе ,,кршеше коски” па се премисли: Функционерот на ДУИ го избриша насилничкиот пост

Функционерот на ДУИ и државен секретар во Култура Валмир Азири кој вчера на пратеникот Милошоски и на други луѓе им се закани дека ќе се кршат коски на раце и нозе ако ги понижуваат Албанците денеска го избришал постот на Фејсбук кој предизвика големи реакции.



Азири сепак не се извинува за говорот на омраза а МВР допрва треба да постапи по пријавата против него од пратеникот Антонио Милошоски кој побара да се проверат заканите за политичко насилство од функционерот на ДУИ.

Вчера на избришаниот насилнички пост на Азири се ,,истакна” и функционер на СДСМ:

Директор, глумец, партиски активист и поддржувач на политичко насилство

Функционер на СДСМ го поддржа насилството на Адеми и ,,кршење раце и нозе”