Професорката Мирјана Најчевска реагира на последната колумна на проф. ДенкоМалески за Плусинфо во која го величи „успехот“ на македонската дипломатија раководена од Бујар Османи и „блескавиот успех“ што го постигнала во надминување на спорот со Бугарија…



„Македонската дипломатија, раководена од умниот и бескрајно трпелив доктор и политичар Бујар Османи, во борбата на нерви со бугарската дипломатија, е на прагот на еден блескав успех“, констатира малески во колумната..

„Македонија, до крајот на француското претседателство, треба да почне со преговори за членство во ЕУ.

Обидот Бугарија да го повтори грчкиот пристап не успеа и покажа зошто историјата се повторува прво како трагедија а потоа како фарса.

Силовитиот и радикален настап на бугарската политика кој наликуваше на руската агресија врз Украина само без оружје, навреме е сопрен од нашите заеднички западни сојузници. Тоа можеше убаво да се види при гласањето за француската резолуција во парламентот кога само проруската партија, обединета околу слоганот „Македонија е Бугарска“, се изјасни против предлогот на Емануел Макрон“, напиша Малески за Плусинфо

Најчевска на ва со ФБ коментар:
„Изгледа живеам во паралелен универзум со Денко. Во мојот Бугарија успеа да ги убеди ЕУ дека сме ист народ во две држави, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека немаме различна историја од таа на Бугарија, и секако дека Бугарите биле администратори а не окупатори и дека не ослободиле од фашистичкиот окупатор а не биле дел од него“.