Скандалозно однесување на пратеникот Арбер Адеми во Собранието – пцуеше и фрлаше предмети кон пратеници од опозицијата

Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со ‘каубојците“ од власта!, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков споделувајќи видео од мобилен телефон на кое се гледа како претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми за време на расправата со пратеници од опозицијата вика и фрла со предмети.



Видеото е споделено на Фејсбук со коментарот од пратеникот Лефков. Се гледа како доаѓа до расправија помеѓу Адеми, како претседател на Комисијата и пратеници од опозицијата, кои реагираат доаѓајќи пред претседателската маса, незадоволни од начинот на водењето на седницата. Адеми не издржа, стана да вика, а во еден момент дофати предмет, всушност некаква тацна и ја фрли кон некого, или пак неодредено, кон опозицијата.

Индицентот започнал кога Адеми констатирал дека е усвоен дневниот ред, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијансам за Албанците реагираа… Дојде до викање и надвикување, Адеми со рака замавнуваше, потоа „летна“ тацната.

https://www.facebook.com/search/top?q=mile%20lefkov