Пекевски: „Никој не сака во друштво дивјаци – пратеници наместо да се законодавци се пресметуваат во Собранието“

„Инцидентот во Собранието на Бугарите им дава прилика да поставуваат бесмислени барања, гледајќи со кого имаат работа. Однесувањето на пратениците покажува дека се недостојни на функцијата, што ја извршуваат. Вака политикологот Синиша Пекевски го коментира вчерашниот инцидент во македонското Собрание кога Арбер Адеми од ДУИ фрлаше предмети кон колегите од опозицијата, по жестоката расправија и нивниот обид да ја прекинат седницата на Комисијата за европски прашања. Физичката пресметка во Собранието се забележува на видеоснимките од инцидентот, што беа споделени на социјалните мрежи и во медиумите.“ – објави весникот „Нова Македониј“ во својата редакциска статија со наслов „Инцидентот во Собранието покажува зошто Бугарија поставува сѐ повеќе бесмислени барања и дека пратениците се недостојни за функцијата“.



„Политикологот Синиша Пекевски за вчерашниот инцидент во Собранието“

„Нова Македонија“ пишува: „Ова е пример зошто никој не нѐ сака во свое друштво и како самите сме дивјаци. Пратеници што треба да бидат претставници на законодавната власт да фрлаат со филџани и да се пресметуваат во Собранието… Ваквиот инцидент покажува и зошто Бугарија инсистира нa бесмислени барања. Однесувањето на македонските пратеници се одразува и на начинот, на кој Бугарите поставуваат се повеќе барања додека не попуштиме, гледајќи со кого имаат работа.“ – истакнува Пекевски.“

„Фрлените филџани во Собранието одекнаа и во регионот“

„Тој смета дека ситуацијата на политичката сцена ќе продолжи да се заострува со оглед на бројните проблеми со кои се соочува општеството. ‘Не гледам смирување на ситуацијата, таа само ќе се заострува. Луѓето се нервозни. Нема пари во државата. Политичарите се под огромен притисок да ги исполнат и ветувањата дадени во самите партии, додека истовремено цените се зголемуваат и животот се влошува. Пратениците ја пројавуваат ваквата ситуација на најлош начин, при што покажуваат дека се недостојни за функцијата што ја извршуваат.’ – категоричен е Пекевски.“

„Инцидентот предизвика бурни реакции, засилувајќи ја меѓупартиската напнатост. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара Адеми да поднесе оставка на пратеничката функција, а потоа да одговара за нападите врз пратениците, тврдејќи оти ‘Адеми имал намера да нанесе физички повреди, што се забележува и на снимките’. СДСМ обвинува оти ВМРО-ДПМНЕ не сака решавање на проблемот со недостигот на судии.“