„Американците немаат силна личност во с.Македонија. По Заев, Вашингтон нема добри играчи. Поранешниот водач на герилата Али Ахмети не ги разбира глобалните движења.“ – вели Селим Ибраими, доктор по политички науки и основач на Институтот за безбедносни студии и развој од Скопје, во својата колумна со наслов „ На Вашингтон му останаа малкумина како доверливи играчи на Балканот“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Ибраими пишува: „Американците немаат силна личност во с.Македонија. По Заев, Вашингтон нема добри играчи.Поранешниот водач на герилата Али Ахмети (ДУИ) во последно време се обиде преку присуството во ‘Отворениот Балкан’ да достигне неколку регионални рамништа.“
„Но, реално Ахмети не ги поседува сите способности, за да ги сфати глобалните движења. Војната во Украина и глобалниот одраз не се доволни настани, еден лидер да се смета како визионер, или предвидувач. Војната може понекогаш да го одведе лидерот во погрешна насока во предвидувањето на иднината. Лидерот мора да ги разбере причините на војната и како преговорите ќе го одредат мирот.“
„Во овој момент Вашингтон нема многумина свои стабилни и доверливи играчи на Балканот. Поранешните контакти со Русија од времето со Груевски го имаат и натаму своето влијание.“





