Антонио Бандерас (57) се појави во Шпанија целосно ќелав. Актерот остана без неговата препознатлива црна и светло кадрава коса. Се претпоставува дека Бандерас се трансформирал за улогата во втората сезона на серијата „Гениј“.



Тој во серијата ќе го глуми сликарот Пабло Пикасо, кој исто како и актерот роден во Шпанија, во Малага. Снимањето наскоро треба да започне, а завршува до март. Емитувањето на серијата треба да почне, прво на американски канали во април или мај.

„Да го глумам Пикасо за мене е многу голем ангажман. Секогаш ме фасцинирал со својот живот и доаѓа од моето родно место, Малага“ изјави Бандерас.

Бандерас се подготвува за почетокот на снимањето овие денови. Инаку ова не е прва улога за која актерот драстично ја скратил косата, а првата беше кога го снимаше „Тридесет и тројца” во 2013 година, според вистинската приказна за чилеанските рудари кои трагично загинаа.