Три дена до крајот на француското претседателство нема информации дали ќе има конечен француски предлог, во кој ќе бидат земени предвид забелешките на Македонија за предлог-решенијата кои таа ги смета за неприфатливи во преговарачката рамка.



Доколку во „5 до 12“ евентуално се дојде до решение, теоретски, може да биде свикан и вонреден Европски совет за да се утврди одобрување на преговарачката рамка. Вонредни совети досега биле свикувани повеќепати поради разни кризи во Европа, пандемијата и прашања од надворешната политика. Но, дали сето ова навистина може да се направи во последните три дена од француското претседателство? – се вели во анализа на Дојче веле насловена „Македонија ни на небо ни на земја“

Дипломатски извори велат дека е „тешко за верување дека ќе има нов француски предлог или дека ќе има услови нов текст да оди на одобрување во бугарсакиот парламент“

Но, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, вели дека ако има политичка волја – може да се стигне до компромисно решение.

„Јас мислам дека има доволно простор француското претседателство да може да ги прилагоди сензитивните прашања за нас и сензитивните прашања за Република Бугарија.

Вели дека сензитивни се прашањето на јазикот, историските прашања да не бидат основа на европскиот процес и преговорите да почнат веднаш, пред да пристапиме кон промени на Уставот“, рече Османи на ТВ 21 .

Повеќе на следниот ЛИНК