Полицијата во Истанбул, Турција приведе десетици учесници на неделната геј парада, објави Еуроњуз.
Наводно, полициски службеници се обиделе да ги спречат присутните новинари да го следат настанот. Меѓу приведените е и фотограф на агенцијата Франс прес.
Сепак, од настанот се појавија снимки.
Не е јасно колку луѓе присуствуваа на Маршот.
Властите во Истанбул издадоа 7-дневна забрана за јавни демонстрации пред одржувањето на настанот. .
Организаторите преку соопштение ги осудија постапките на властите.
Потсетуваме дека и минатогодишниот настан заврши со судири и апсења.






