Синдикатот ќе го продолжи генерашниот штрајк утре со блокирање на влезот на главниот град Скопје од 07 до 10 часот на раскрсницата во населбата Автокоманда.
-Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок, незадоволството да го изразува на улица. – соопштија од ССМ.
ССМ го стави во мирување генералниот штрајк во регионите погодени од невремето за да можат да се искористат сите расположливи капацитети за справување со последиците.







