Александар Јосифовски од Охрид, заврши како втор во синоќешното големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а победата по тензично гласање ја однесе Нермин Ханџиќ од Босна кој има само 19 години.
Александар освои 40 илјади гласови помалку од Нермин. Саша Поповиќ откри дека победникот Нермин добил 128.456, а Александар 87.650 гласови.
Во финалето на популарниот натпревар влегоа вкупно 16 кандидати.
Победникот доби автомобил.







