Вучиќ „Веќе нема да можеме да купуваме струја“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека Србија се соочува со проблеми, а меѓу нив како најпроблематични ги најави снабдување со електрична енергија, гас и нафта и нафтени деривати“, рече тој.



Проблемите во енергетскиот сектор се проследени со потенцијална финансиска криза, дел поради недостигот на енергија, а дел поради општата несигурност.

„Сите ги зголемуваат референтните каматни стапки. Станува поскапо и потешко да се дојде до пари“, вели Вучиќ.

Вториот ризик е ниското ниво на хидрологија бидејќи нема дожд, а третиот е недоволното количество јаглен. „Досега не користевме јаглен бидејќи секогаш било полесно да се дотура мазут. Имаме проблем со експлоатацијата и тоа е вина на нашата држава бидејќи машините не се набавени навреме“, додаде Вучиќ.

Исто така, како што изјави, повеќе нема да можеме да купуваме струја.

„Бараме гаранции дека денеска ќе можеме да купиме струја за зимата и тие цени се неверојатно високи“, вели Вучиќ.