МВБП: Бугарите биле и се турански народ, политичка нација создадена од Русија

БУГАРИТЕ БИЛЕ И ОСТАНАЛЕ ТУРАНСКИ НАРОД; ДЕНЕШНИТЕ БУГАРИ СЕ ПОЛИТИЧКА НАЦИЈА СОЗДАДЕНА ОД РУСИЈА ВРЗ „СЛОВЕНСКА“ ОСНОВА, се вели во анализата на профилот ,,Македонија вистинска бескрајна приказна” зад кој според аргументите што ги дава стои историчар или друг научник кој се потпира на наука и факти.



Во последниот прилог објавен на Фејсбук и Твитер непознатиот експерт се осврнува на опсесијата на соседна Бугарија насила да го наметне на Македонците нејзиниот историски наратив.

Интегралниот текст:

Едни од главните причини, покрај територијалните претензии кон Македонија, се:

(а) Очигледната дупка вo сознанието за потеклото на Бугарите.

(б) Измисленото тврдење дека Бугарите се измешале со таканаречените „Словени“ кога дошле на Балканскиот полуостров од Азија, при што наводно се створил нов словенски бугарски народ.

Ќе нагласиме дека хроничарите во Источната Римска Империја (ИРИ) – подоцна наречена „Византија“ – биле многу педантни во бележење на настаните, вклучувајќи и на мешање меѓу народи и народносни групи. Нивната ревност може да се покаже низ три примери:

1. Чудата на св. Димитриј Солунски од 7 век, која го опишува мешањето на етничките т.е. правите Бугари и Аварите со 270.000 запленети Ромеи населени во Панонија од страна на аварскиот хан.

2. Хрониката на Никола Мистик од 10 век, која го евидентира мешањето на Бугарите со едно друго и сродно на нив туранско племе Печенези.

3. Хрониката на Ѓорѓи Пахимер од 13 век, која во описот на животот и обичаите на Татарите (потомци на етничките т.е. правите Бугари), го забележува мешањето на народот Тохари со Аланите, Готите и со други народи.

Првите два од трите примери евидентираат директно мешање на Бугарите со други народи. Ho византиските хроничари никогаш и никаде не забележиле мешање меѓу Бугари и „Словени“ и создавање на нов „словено-бугарски“ народ.

А сепак, бугарската историографија својот историски наратив го базира врз непоткрепеното тврдење дека во 9 и 10 век на Балканот наводнo се создал нов бугарски народ преку мешање на Бугарите и Словените и дека тој народ бил „словенски“.*

Врз основа на тоа тврдење, бугарските историчари и политичари додатно тврдат дека тој новонастанат бугарски народ станал носител на бугарската државност, за денес истиот да постои како бугарска нација.

Потоа одат чекор понатаму и тврдат дека новиот бугарски народ бил словенски, што наводно се огледува во испреплетувањето на термините „Бугари“ и „Словени“ во средновековните историски извори.

За на крај, да тврдат дека заради тоа терминолошко двојство, терминот „Бугари“ се наметнал и останал како име на наводниот бугарски народ во Мизија, Тракија и Македонија, при што жителите на Макединија имале бугарска свест исто како тие во Мизија и Тракија.**

Oвие тврдења немаат основа бидејќи во 9 и 10 век византиските хроничари не забележале мешање на Бугари и Словени. Никаде не се среќава појава на нов „словено-бугарски“ народ со нов „словенски-бугарски“ јазик.

Напротив, Византиските хроничари продолжиле да соопштуваат дека Бугарите се турански народ. На пример, Константин Профирогенит во 10 век пишува дека Бугарите се од туранското племе Оногондури. Исто така, цариградскиот Патријарх Никола Мистик во писмо до бугарскиот Цар Симеон во 10 век директно му кажува дека Бугарите се ветка на Аварите.

Иако поимите „Бугари“ и „Словени“ во средновековните хроники се јавуваат во различни категории, византијските хроничари продолжиле да ги поврзуваат Бугарите со Хуните, Куманите и Унгарците. Сите тие се турански народи.

А кога византиските хроничари го употребуваат терминот „Бугари“ во етнички смисол, тие укажуваат на фактот дека тој турански народ живеел во реонот на Добруџа, каде што се населил кога дошол на Балканот и не бил распространет на целата територија на денешна Бугарија. На пример, Јосиф Генезиј пишува во 10 век дека Ромеите му дозволиле на бугарскиот хан да ги насели Бугарите само во Дорстол и во Мизија.

Единствената разлика забележана во византиските извори е христијанизацијата на Бугарите и нивната религиозна и јазична преобразба затоа што биле покрстени и го прифатиле грчкиот (а подоцна словенскиот) јазик за сметка на својот мајчин бугарски јазик, кој, да потсетиме, припаѓа на туркската група на јазици. Негов директен потомок денес е чувашкиот јазик.

Ете накратко од каде потекнува потребата Бугарија со сила и со уцени да им се наметнува на Македонците. Ем потеклото на етничките т.е. на правите Бугари е туранско и нема врска со нас Македонците, ем тврдењето дека тие туранци, кога дошле на Балканот се измешале при што наводно се створил некаков нов словенски бугарски народ и нација, не е поткрепено со ништо.

* Димитр Ангелов, „Образување на бугарската народност“, Софија, 1971 година.

** Иван Снегаров, „Историја на Охридската Архиепископија“, Софија, 1924 година.

Извор

https://www.facebook.com/100062988440875/posts/391887922920819/